Како „Еуролинк осигурување“ направи добивка од 695.000 евра во 2018?
„Еуролинк осигурување“ зад себе има исклучително успешна деловна година.
Таа компанија која е управувана од Олга , ќерката на Трифун Костовски го прошири своето работење, ја зголемува и зајакнува пазарната позиција и успешно се справува со големата конкуренција во осигурителниот бизнис.
„Еуролинк“ 2018 година ја заврши со добивка од 695.000 евра и тоа е резултат што е за 580.000 евра подобар од резултатот остварен во 2017 година. Компанијата успеала да ги зголеми своите нето приходи од премија за 1,74 милиони евра лани и стигнала со износ на нето приходи од 13,7 милиони евра лани.
Слично
