Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како Ердоган ќе ја спасува лирата?

Како Ердоган ќе ја спасува лирата?

Турските власти ќе објават нов економски модел, затоа што националната валута – лира, продолжува да слабее.

Министерството за финансии објави дека ресорниот министер, Берат Албајрак денеска ќе ја објави рамката на новиот економски модел. Министерството додаде дека очекува инфлацијата, која во моментов изнесува скоро 16 проценти, да се врати на едноцифрено ниво.

Лирата која од почетокот на годината изгуби околу 30 проценти од вредноста, се намали во четвртокот на нов рекорден минумум од 5,43 лири за долар. Падот следеше по веста дека состаноците на високо ниво во Вашингтон помеѓу американските и турските официјални лица за апсењето на американскиот свештеник се завршени без конкретно решение. Поради приведувањето на свештеникот во Турција, Вашингтон воведе санкции против двајца министри во турската влада и предупреди на дополнителни казнени мерки.

Слично

Поврзани вести