Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како еден бивш рапер од 90-тите години стана успешен претприемач?

Како еден бивш рапер од 90-тите години стана успешен претприемач?
Џеси Ицлер , понекогаш познат како Џеси Џејмс , се откажува од релативно успешната кариера на рапер , за да стане претприемач . За време на својата музичка кариера во 90-тите години, Ицлер успева со две песни да се најде на листата на Billboard Top 100 . На 22-годишна возраст тој ја сними песната „Go New York , Go“ , која подоцна стана официјална химна на кошаркарскиот тим од НБА, Њујорк Никс . Ицлер исто така ја напишал и песната „ Love This Game“ за НБА . "Кога имав 24 години , сфатив дека никогаш нема да бидам еден од најдобрите рапери , но знаев дека имам некои од најдобрите идеи " - вели Ицлер во изјава за пред Business Insider . Откако запира со рап музиката , Ицлер учествува во создавањето на една од најголемите компании за летови со приватни авиони Marquis Jet , која подоцна беше купена од Ворен Бафет . Ицлер исто така е еден од првите акционери во компанијата Zico Coconut која , пак, беше купена од Coca-Cola . Тој е оженет со Сара Блејк , основач на Spanx и најмладата жена милијардер во светот , која не е со наследено богатство. Во моментов, Ицлер се постави со нова компанија која се вика Vowch . Тоа практично е социјална платформа за препораки. Со Vowch човек лесно може да разбере каква личност е некој во основа на она за што " гарантирал " . Корисниците можат да гарантираат за нешта како што се филмови , телевизиски емисии , музичари , хотели , конференции и сл. Колку активен е еден корисник , толку поголеми шанси има да стане вистински " бос ". " Шефовите" во Vowch уживаат најголема авторитет . Има модни шефови, шефови во читањето, во музиката и др.
Слично

Поврзани вести