КАКО Е МОЖНО ТЕСЛА ДЕНЕСКА ДА ВРЕДИ ПОВЕЌЕ - од деветте најголеми светски производители на автомобили заедно
Дали следиме трагикомична приказна за еден од најголемите берзански меури во светската историја, кој порано или подоцна ќе пукне, или пример за најголемиот успех на една компанија во историјата на сопствеништвото на акции?
Вчера акцијата на Тесла порасна за 12,6 отсто, што значи дека нејзината пазарна капитализација надмина илјада милијарди долари. Тој скок на вредноста дојде откако компанијата за изнајмување автомобили Херц нарача 100.000 модели на Тесла 3.
Тесла, контролирана од претприемачот и најбогатиот човек на светот, Илон Маск, испорача 241.300 возила во третиот квартал, што значи дека Херц е значајна нарачка, но не толку голема за да може да се каже дека драматично ќе го промени вкупниот обем на испораки на годишно ниво.
Инаку, Херц неодамна помина низ стечајна постапка и се обидува да си го врати бизнисот. Малку е изненаден и Macк од растот на вредноста поради нарачката на Херц, објаснувајќи дека Тесла нема проблем со побарувачката туку со брзината на испорака, но сигурно нема да му пречи што благодарение на тоа стана најбогатиот човек на светот. Вредноста на уделот на Маск сега се проценува на 172 милијарди долари, пишува порталот Novac.hr.
Tesla минатата година ја престигна Toyota според пазарната капитализација, по што компанијата се зголеми за четири пати во вредност. Ваквото зголемување на пазарната капитализација нема основа во деловните резултати.
Како е можно Тесла да вреди 3,5 пати повеќе од Тојота ако лани Тојота продаде 10 милиони автомобили, а Тесла 500.000 или околу 20 пати помалку? На крајот на краиштата, како е можно денес Tesla да вреди повеќе од другите девет најголеми производители на автомобили во светот заедно?
Треба да се земе предвид дека се повеќе големи автомобилски индустрии во своето портфолио веќе имаат многу атрактивни е-возила кои можат да се натпреваруваат со моделите на Tesla по цена и квалитет.
Извесна логика во вредноста на Тесла може да се бара во очекуваниот раст во Кина и порастот на профитабилноста, која порасна за 380 проценти со годините. Сепак, треба да се земе предвид како Тескла бележи загуби пред тоа.
