Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како доларот им го дупна ќесето на Кинезите?

Како доларот им го дупна ќесето на Кинезите?

Девизните резерви на Кина паднале во ноември на најниско ниво во речиси шест години бидејки властите настојувале да го ограничат одливот на капитал и да ја подигнат вредноста на јуанот.

Девизните резерви на Кина минатиот месец паднале за 69,06 милијарди долари, на 3,052 милијарди долари, што е најниско ниво од март 2011 години и петти месец со последователен пад, покажале податоците на кинеската централна банка.

Економистите на Ројтерс предвидуваа дека девизните резерви ќе паднат за 30 милијарди долари, на 3,091 милијарда долари во ноември , после падот од 45,7 милијарди од октомври.

Агенциите пренесоа дека Кина продала големи количини американски долари како би ја поддржала вредноста на домашната валута, која минатиот месец се лизна на најниско ниво за осум и пол години.

Падот на девизните резерви е последица на трипроцентното зајакнување на доларот спрема корпата на водечките светски валути во ноември, тврди кинескиот регулатор за девизен пазар.

Само во минатиот месец, кинескиот јуан ослабнал за 1,6 отсто, што е најлош месец за кинеската валута од август 2015 , кога официјален Пекинг го шокираше пазарот со одлуката за девалвација на валутата од 2,0 отсто.

Слично

Поврзани вести