Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како добивката на „Уни банка“ порасна за 65 отсто?

Како добивката на „Уни банка“ порасна за 65 отсто?

Значаен раст на нето приход од камати и ниско ниво на резервации се клучни причини заради кои профитот на банката за пола година порасна за околу 50 милиони денари во споредба со лани

 „УНИ банка“ во првото полугодие оствари добивка од 2 милиони евра односно 126 милиони денари што е за раст за 65 отсто во споредба со истиот период лани, покажуваат официјаните податоци на банката.

Нето приходот од камати пораснал повеќе од растот на приходот од камати

Официјалните податоци покажуваат дека нето приходот од камати во првата половина од годинава изнесува 313,6 милиони денари што е за 40,4 милиони денари повеќе од лани. Во истиот период вкупните приходи од камати на банката изнесуваат 395 милиони денари и тие се повисоки за 33 милиони денари. Нето приходот од камати пред се е резултат на значајното намалување на расходите од камати и тие се пониски за речиси 8 милиони денари во однос на лани.

Кај втората по големина приходна ставка банката книжи нето приходи од 64,5 милиони денари. Во споредба со лани тука има намалување од речиси 2 милиони денари. Намалувањето е последица на зголемените расходи за провизии и надоместоци и тие изнесуваат 71,6 милиони денари и се 7,7 милиони денари повисоки од лани. Вкупниот приход од надоместоци и провизии е зголемен за 100.000 евра во споредба со лани и изнесува 136,1 милиони денари. 
Добриот резултат на „УНИ банка“ во значајна мерка е стимулиран и со ниското ниво на резервации што банката ги издвои во овој период. Тие изнесуваат 13,44 милиони денари и во споредба со лани бележат голем раст зашто тогаш биле 2 милиони денари.

Растат депозитите, расте и кредитирањето

„УНИ банка“ во првата половина од годинава има значаен раст на депозитите воизнос од 1,15 милијарди денари и тие се до ниво од 12,02 милијарди денари на крајот на јуни годинава. Депозитите пораснале за 10,5 отсто во споредба со истиот период лани и тоа е солиден раст. Во истиот период има значаен раст на кредитирањето со што оваа прави солиден продор на пазарот на кредити и тоао особено во силната конкуренција на помалите банки. Нејзиното кредитно портфолио на крај на јуни годинава изнесува 10,37 милијарди денари и тоа е 1,14 милијарди денари повеќе од истиот период лани, а тоа е раст од 12,3 отсто.

Р.Ф.

Слично

Поврзани вести