Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како до заштеда на гориво од 50 отсто?

Како до заштеда на гориво од 50 отсто?
Јовица Пешиќ од Пирот, Србија измислил уред кој овозможува заштеда на гориво во моторите со внатрешно согорување дури и до 50%. Покрај тоа, според Пешиќ неговиот изум ја намалува емисијата на штетни гасови како што е јаглен – моноксидот речиси за три пати во однос на класичните современи мотори. Според изјавата на Пешиќ за Танјуг, на кого ова не му е прв пронајдок, уредот поминал низа испитувања на машинскиот факултет во Ниш, а резултатите се навистина охрабрувачки поради што тој очекува наскоро и сериско производство на неговиот изум. " Интересно е тоа што резултатите на овој уред се подобри кај старите мотори, кои најмногу и се возат на нашите подрачја. Со вградувањето на уредот на стар трактор од 'IMT' успеав да оставарам заштеда на гориво од преку 50% што е навистина извонреден резултат", вели Пешиќ. "Реакторот се вградува во издувниот систем на моторот. Составен дел е и сад во кој се налева дестилирана вода која е неопходна за работата на реакторот, а се вградува и систем од термички отпорни црева и специјален вшмукувач кој се монтира на вшмукувачката грана на автомобилот.", вели тој и додава дека резултатите се исто така импресивни кога станува збор за емисијата на штетни гасови. "За време на работата на моторот мора да имате гасови кои се запаливи, а не се кроистат за добивање на енергија потребна за моторот. Овој уред помага и тие гасови да бидат спалени во самиот цилиндар на моторот така што на ауспухот речиси и да не се познава чад. За време на испитувањето на машинскиот факултет во Ниш емисијата на јаглерод- моноксид во моторот во кој е уграден реактор од 9 проценти е намалена речиси три пати и изнесува само 3,14 ", објаснува Пешиќ, кој има завршено Електрнотехничко училиште во Ниш и студирал на Електротехничкиот факултет во Ниш. Неговиот сосед Зоран Јовановиќ пред три месеци го инсталирал реакторот во својот автомобил. "Првата работа која ја забележав е зголемената снага на автомобилот. Потрошувачката при користење во градски услови во Белград,  каде што работам изнесува околу 6,3 литри на 100 километри, а мојот автомобил е со дизел мотор со 1.900 кубика", вели Јовановиќ. К.К.
Слично

Поврзани вести