Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како до супер брз кредит без да одите во банка?

Како до супер брз кредит без да одите во банка?

Капитал Банка официјално стана достапна до сите клиенти од сите градови низ земјата и им овозможи на сите постоечки и нови клиенти да аплицираат и користат кредитни производи без да дојдат во експозитурите на банката.

Банката во изминатата година активно се ориентираше кон креирање и градење на производи за физички лица и онлајн апликација за кредити,  која на клиентите ќе им биде достапна на било кој уред и на било кое место.

“Водејќи се од реалните потреби на клиентите да им заштедиме време и простор креиравме Супер брз кредит, првиот банкарски кредит кој им овозможува на клиентите бесконтактно потпишување на документацијата за кредит. Откако ќе биде одобрен кредитот, секој клиент избира трансакциска сметка (во која и да е банка), каде ќе бидат префрлени средствата од кредитот ”, соопштија од Капитал банка.

Клиентите можат да аплицираат за износи на кредити до 60.000 МКД, со рок на отплата до 12 месеци, од било кој уред, мобилен телефон, таблет или компјутер и од каде и да посакаат. Одобрувањето се врши во рок од 30 минути и исплатата е истиот ден.

 “Олеснувајќи ги сите процеси, посета во Банка, многу документација, жиранти и административни забрани, креиравме производ кој може да ги задоволи барањата на пазарот и веруваме во успешноста на проектот,” соопштија од банката. 

“Капитал Банка продолжува со активности и реализирање на веќе започнати проекти, кои се во насока на дигитализација на работењето на Банката и веруваме дека истото ќе придонесе за подигнување на нивото на квалитетот на услугата која ја нудиме на нашите клиенти“, заклучуваат од банката.

Комерцијален текст

Слично

Поврзани вести