Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како до легална работа во Германија?

Како до легална работа во Германија?

Граѓаните од Западен Балкан можат да работат во Германија само ако имаат дозвола за престој и дозвола за работа.

За странците има и легален начин за вработување. Општо правило е дека колку некој е покалификуван, толку се поголеми шансите за вработување. Има разлика меѓу државјани на ЕУ и оние кои не се. Државјаните на ЕУ имаат право без ограничување да бараат работа и да работат во Германија. Нив не им треба виза. Истото правило важи и за граѓаните од Европскиот стопански регион, односно Швајцарија. За странци од трети земји важат други правила.

За граѓаните од Западен Балкан потребна е дозвола за ограничен или неограничен престој, а има и „сина карта“ за ЕУ. За да добие дозвола за престој, лицето треба да приложи пасош и не смее да биде меѓу оние на кои им е одбиен азил. При тоа мора да докаже дека има доволно средства во банка, работа со висина на плата која одговара или некој да гарантира за негово издржување.

Колку повеќе квалификации има кандидатот и колку подобро го владее германскиот јазик, толку му се поголеми шансите да се вработи и да остане во Германија.

Кандидатите можат да побараат во конзулат или амбасада виза за барање работа, но и со неа уште немаат право на работа. Ако најде работа, тогаш може да бара престој во земјата.

За познавање на јазик мора да се има диплома. Работни места се бараат на портали и разни страници.

Слично

Поврзани вести