Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАКО ДО ФЕР И ДЕМОКРАТСКИ ИЗБОРИ: Интервју со Дарко Алексов од „МОСТ“                                                                                                        

КАКО ДО ФЕР И ДЕМОКРАТСКИ ИЗБОРИ: Интервју со Дарко Алексов од „МОСТ“                                                                                                        
Потребно е  сериозно да се преиспита начинот на избор на членовите на ДИК и да се разгледаат алтернативни начини за нејзино формирање, земајќи ги предвид нејзините изменети или зголемени овластувања и надлежности коишто ќе зависат од целокупното реформирање на изборниот процес, вели во интревју  за Фактор директорот на „МОСТ“.  Првиот човек на граѓанската асоцијација Дарко Алексов оценува дека  поради  законските недоречености и недоследности, влијанието на партиските интереси, како и недостатокот на волја ДИК  не ги  извршува во целост своите  задачи за која е надлежна а тоа е да грижи за  севкупната законитост на изборниот процес.                                                                                                                                             Според  Алексов , еден од начините за да се дојде до подобар Избирачки список во кој и јавноста ќе има поголема доверба е активна регистрација на гласачите што подразбира дека секој оној кој сака да гласа ќе треба претходно да се пријави за гласање со што би се направил нов Избирачки список само од оние граѓани кои ќе се пријават за гласање. „Прво што треба да се направи е да се спроведен  административна проверка на целиот список, вклучувајќи ги и адресите на кои има запишано поголем број на избирачи. Потоа, да се направи теренска проверка на територијата на целата држава, а не само во неколку општини како и да  и се  дадат поголеми овластувања на  ДИК“ ,  посочува Алекосв.                                                                         Во однос на изборниот модел , ставот на МОСТ е дека треба да се воведат отворени листи, но без промени во бројот на изборни единици.  Иако е релативно краток периодот  до одржувањето на изборите,  директорот на  граѓанската асоцијација  не очекува нивно пролонгирање.                               „Доколку постои политичка волја и посветеност кон имплементирање на овој договор кај сите засегнати страни,  тогаш нема причина зошто до изборите во април 2016 не би се обезбедиле услови за фер и слободни избори. Крајно време е при дизајнирањето на решенијата во прв план да се стават интересите на граѓаните, а не на политичките партии“, порачува директорот на „МОСТ“ .  Разговараше Горазд Чомовски Фактор: Државната изборна комисија се прогласи за ненадлежна за изборните нерегуларности што ги обелодени опозицијата во една од објавени т.н бомби. Дали е воспоставена контролата и врз ДИК и дали со тоа функцијата претседател, иако е од опозицијата, често е само формална и не може да придонесе кон подобрување на изборните процеси во земјата и кој во Македонија е надлежен за сериозните изборни неправилности? Алексов: Јавноста има погрешна претстава дека претседателот на ДИК има некои посебни надлежности во однос на членовите. Напротив, претседателот е само прв меѓу еднаквите и тоа што тој доаѓа од опозицијата нема никакво влијание врз процесот на одлучување во кој мнозинство имаат номинираните членови од власта. Неколку пати сме реагирале кога ДИК се прогласувала за ненадлежна за работи за кои единствено таа е надлежна. Грижата за законитоста на сите сегменти од изборниот процес е една од најважните обврски на ДИК која произлегува од Изборниот законик, а поради законските недоречености и недоследности, влијанието на партиските интереси, како и недостатокот на волја таа не се извршува во целост. Фактор: ДИК се најде на листата на забелешки во извештајот на експертите од Брисел на чело со Рајхарт Прибе. Во документот се бара комисијата да биде составена од непартиски членови. Дали е потребно  реконструкција или  целосно распуштање на Државна изборна комисија и дали челновите треба да бидат  номинирани од страна на партиите или од експерти? Алексов: Во однос на функционирањето на ДИК, исто така неколку пати сме забележале дека начинот на избор на нејзините членови, односно нивното номинирање од страна на политичките партии негативно влијае врз работата и одлуките кои ги носи ова тело. Оттука, нашата препорака е во овој период сериозно да се преиспита начинот на избор на членовите на ДИК и да се разгледаат алтернативни начини за нејзино формирање, земајќи ги предвид нејзините изменети или зголемени овластувања и надлежности коишто ќе зависат од целокупното реформирање на изборниот процес.   ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК Е ТОЧЕН КОЛКУ ШТО СЕ ТОЧНИ ПОДАТОЦИТЕ ОД ИНСТИТУЦИИТЕ Фактор: Ако  аномалии има во Избирачкиот список во зависност од институциите кои што го прават и на крај тој се доставува до ДИК, тогаш се постаува  прашањето  колку би можело Избирачкиот список да биде точен и квалитетно изработен од Министерство за внатрешни работи? Алексов: Избирачкиот список е точен онолку колку што институциите доставуваат точни податоци и редовно го ажурираат. Во последните два изборни процеси се појави проблемот со регистрирани поголем број избирачи на исти адреси, кој беше потврден од анализата на експертот на ОБСЕ кој пронајде вакви избирачки места во општините Чаир и Центар. Бројката на регистрирани избирачи на една адреса во некои случаи изнесува над 100. Фактор: Ако државата нема точни податоци каде се нејзините граѓани, како би можело да се изработи еден прочистен и јасен Изборен список? Алексов: Државата има релативно точни податоци за тоа каде се нејзините граѓани. Секој граѓанин кој се преселува од една во друга општина или во странство е должен да го пријави тоа во Министерството за внатрешни работи. Дури и да не го пријави новото живеалиште, тој може пак да гласа според адресата која му е запишана во личната карта. Во однос на прочистување на Избирачкиот список, она што треба да се направи е прво административна проверка на целиот список, вклучувајќи ги и адресите на кои има запишано поголем број на избирачи. Потоа, да се направи теренска проверка на територијата на целата држава, а не само во неколку општини. Со цел ДИК да добие и фактички надлежност да го води и ажурира Избирачкиот список потребно е да и се дадат поголеми овластувања и да се воведат контролни механизми, како на пример, ДИК да има право да не го заклучува и потпишува Избирачкиот список доколку се сомнева во дел од податоците во него. На крај, за да се зголеми довербата во него, потребно е да се зголеми и неговата транспарентност - или преку негово јавно објавување или барем со негово доставување до организациите кои ги набљудуваат изборите. СЕКОЈ КОЈ САКА ДА ГЛАСА ПРВО ДА СЕ ПРИЈАВИ ЗА ГЛАСАЊЕ Фактор: Како може да очекуваме реален Избирачки список во земја со 2.065.765 жители а Избирачки список, со над 1.700.000 гласачи и  како ќе ја знаеме  точната  бројка на граѓани со право на глас особено што веќе 13 години во Македонија не е спроведен попис на населението? Алексов: Бројот на населението е само проценка, односно не е направен попис за да знаеме колку точно жители има државата. Од друга страна, во Избирачкиот список се запишани и оние граѓани кои живеат во странство и кои не се дел од популацијата во државата. Еден од начините за да се дојде до подобар Избирачки список во кој и јавноста ќе има поголема доверба е активна регистрација на гласачите. Тоа значи дека секој оној кој сака да гласа ќе треба претходно да се пријави за гласање со што би се направил нов Избирачки список само од оние граѓани кои ќе се пријават за гласање. Овој процес би го водела ДИК, со што и фактички, а не само формално би била надлежна за водење и ажурирање на Избирачкиот список. Фактор: Колку сегашниот изборен модел е добар или треба да се прифати предлогот на дел од партиите и експертите кои  сугерираат - една изборна едница  со отворени листи. Дали тоа би бил сигурен пат за демократизација на земјата? Алексов: Сегашниот изборен модел покажа извесни слабости и неопходни се некакви промени. Комбинацијата – една изборна единица со отворени листи не е препорачлива затоа што ќе се изгуби врската помеѓу пратениците и електоратот и може да придонесе кон зголемување на бројот на пратеници од поголемите градови. Ставот на МОСТ е дека треба да се воведат отворени листи, но без промени во бројот на изборни единици.   Фактор:   ОБСЕ/ОДИХР  на последните избори имаше забалешки  во делот на разграничување на државата од партијата, обезбедување на услови за рамноправен натпревар, поденаква медиумска застапено. Мислите ли дека со   договорот кои го потпишаа четирите партии овие слабости ќе бидат елиминирани? Алексов: Договорот претставува само рамка за спроведување на реформи во целиот политички систем. Дали овие забелешки ќе бидат адресирани со задоволителни решенија зависи од волјата на политичките партии. Она што треба да се напомене е дека овој договор не беше склучен заради партиите, туку заради иднината на државата, односно, во крајна линија, заради граѓаните. Оттука, крајно време е при дизајнирањето на решенијата во прв план да се стават интересите на граѓаните, а не на политичките партии. Фактор: До одржувањето на изборите остануваат 9 месеци. Колку реално може во овој релативно краток временски период да се подготви теренот за спроведување на фер, демократски и слободни избори или сепак на крајот тие би можеже да бидат пролонгирани и евентуално да се одржат заедно со редовните локални во 2017 година, а во меѓувреме Македонија да ја води техничка или влада на национално единство? Алексов: Договорот од 2-ри јуни, заедно со сите негови подоцнежни амандмани, предвидува повеќе мерки кои би требало да обезбедат услови за фер натпревар помеѓу партиите и кандидатите на следните избори. Доколку постои политичка волја и сериозна посветеност кон имплементирање на овој договор кај сите засегнати страни – институциите, политичките партии и граѓанското општество – тогаш нема причина зошто до изборите во април 2016 не би се обезбедиле услови за фер и слободни избори.
Слично

Поврзани вести