Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАКО ДА ЗАЖИВЕЕ БЕРЗАТА?

КАКО ДА ЗАЖИВЕЕ БЕРЗАТА?

Во минатата недела светот се возбуди од падот на индексот на њујоршката берза во еден ден за 4 отсто, но кај нас, како никој да не е загрижен од тоа што МБИ 10 индексот на Македонската берза веќе една деценија е во длабок пад, од 12.000 индексни поени во 2007 година, на актуелните 2.500- 2.700 поени, што претставува намалување од 80 отсто.

Кои се причините за повеќегодишната стагнација на Македонската берза и како да се надмине оваа состојба или барем да се доближиме до индексот од најдобрите времиња?

Општа констатација е дека пари има, но тие ја заобиколуваат берзата, што се гледа од градежната експанзија и масовното купување станови во Скопје од страна на жители од внатрешноста. Многумина, од тие што имаат пари, полесно се одлучуваат заштедата да ја инвестираат во стан во Дебар маало отколку во акции на стабилни компании, кои секоја година делат завидна дивиденда. Ова е последица и на лошото искуство, откако по бумот на берзата во 2007- 2008 година, многумина загубија прилично пари поради наглиот пад на цените на акциите.

Сепак, во последнива години се забележува тренд на стабилизација и благ раст на берзата. Состојбата на Македонската берза во 2017 година беше подобра во однос на 2016 година, се забележа раст на берзанскиот индекс, исто и на вкупниот промет и бројот на трансакции.

(М.Б.)

Слично

Поврзани вести