Како да се заштитиме од штетното влијание на смогот врз нашето здравје?
Смогот и маглата се најопасни за луѓето со вирусни инфекции или со респираторни заболувања.
Маглата всушност е кондензирана пареа која се шири на нивото на кое го дишеме. Околу самите водени честички сепак се собираат други цврсти честички прав, а исто така и вируси и бактерии.
Овие честички минуваат низ слузницата на горните дишни патишта и преставуваат причина за полесно заразување со различни вируси.
Смогот помага за развојот на акутните респираторни заболувања.
Смогот може да биде опасен за здравјето на луѓето, но организмот има способност да се штити од лошите честички. Оваа способност сепак може да недостасува кај доенчиња и кај децата чии родители пушат систематски околу нив.
Препорачливо е во магливи денови да се излегува надвор со шал, кој ќе го покрива лицето, вклучувајќи го и носот.
Луѓето со бронхијални болести е подобро да не излегуваат надвор, за да избегнат влошување на состојбата.
Не заборавајте дека носот е природен филтер на организмот, дишењето низ него, а не преку устата е многу важно.
Ако работите надвор, препорачливо е да земате повеќе топли пијалоци во магливи денови.

