Како да се вработите ако немате работно искуство
Имате добра биографија и интервјуто ви оди супер, се чини дека вие сте личноста која им треба на работодавците. Но, тогаш доаѓа онај дел кој знае да упропасти се: „Проблемот е што немате доволно искуство". Еве како да избегнете оваа констатација да биде крај на вашето интервју.
1. Никако не барајте изговори
Најлошата опција е да се заплеткате во лошо смислени изговори. Затоа применете друга тактика и веднаш согласете се дека немате искуство на тоа поле, но затоа пак...и тука ги кажувате сите ваши вештини и способности кои директно се поврзани со работата на која сте конкурирале.
2. Пред интервјуто читајте стручна литература
Добра алтернатива за малото работно искуство, е стручната литература и проучување на работното место на кое сакате да конкурирате. Прво гуглајте и информирајте се за работата што ја сакате. Читајте и стручна литература поврзана со работата и професијата, и тоа кажете го во текот на интервјуто. На овој начин ќе покажете дека иако немате работно искуство, вие сте полни со информации и способни да ја работите работата.
3. Запознајте го работодавецот
Добро информирајте се за работното место и кога ќе ви кажат дека немате искуство за да се вклопите во екипата, ваш контра аргуент ќе бидат сите детали што ги знаете за фирмата.
