Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како да се спречи нелојалната конкуренција во туризмот

Како да се спречи нелојалната конкуренција во туризмот
Летната туристичка сезона заврши со многу сомнителни појави кои лошо се одразија на имиџот на одредени места со стандардните обвинувања за контра кампања и измислување скандали. Како и секоја година, така и оваа Здруженијата на угостители и туристички работници ќе одржат конференција за нелојалната конкуренција во туризмот и како таа да се спречи, но очигледно немаат преефикасни решенија бидејќи темата се повторува. Како што информираат од Стопанската комора на Македонија, на денешната прес-конференцијата ќе присуствуваат и Славе Сирачевски, заменик-претседател на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија и Асим Меѓедовиќ, член на Здружението на угостителството и туризмот.
Слично

Поврзани вести