КАКО ДА СЕ СНАЈДЕТЕ НА ПАЗАРОТ НА ТРУД ВО 2023: Ќе има осум промени
Во 2023 година ќе има промени на пазарот на труд.
Според Џон Брекет од Smash Balloon LLC-a, фирмите ќе се борат за работници и затоа ќе мора да даваат бенефиции. Според него, работниците сакаат флексибилно работно време.
Културата на фирмата станува приоритет и многу фирми последниве години се посветуваат на оваа тема. Ако кадрите се лојални, тие ќе бидат и попродуктивни.
Глобализацијата значи дека од било која точка на планетата луѓето можат да работат. Работата на далечина помага да бидат успешни исто како кога редовно одат на работа.
Понатаму следи едукација и соработка. Помина времето кога луѓето цел работен век го поминувале на една работна позиција.
Се смета дека 2023 година ќе биде постабилна и дека нема да има откази како претходно.
Се смета и дека хибридната работа ќе биде популарна во 2023 година.Таа дава опција луѓето да се организираат кога ќе заминат на работното место.
Ќе бидат барани и хонорарните позиции на „кратки патеки“.
Работата на далечина ќе постои, но нема да доминира.
