Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како да се регистрирате за паушално оданочување?

Како да се регистрирате за паушално оданочување?

Како најлесно да се регистрирате за паушално оданочување?

Најдоцна до 31 јануари 2016 година на шалтерите на УЈП треба да поднесете: 1. образец “УЈП-РДО/З“- Пријава за регистрација на обврзниците кои остваруваат приходи од земјоделска дејност (преземиhttp://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/104); 2. образец “ПДД-ПЗ“- Барање за паушално оданочување на остварени приходи од земјоделска дејност (преземиhttp://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/103).

Доколку веќе сте регистрирани во УЈП и доделен ви е даночен број (ЕДБ) како вршител на земјоделска дејност тогаш треба да поднесете само  Барање за паушално оданочување на остварени приходи од земјоделска дејност (образец “ПДД-ПЗ“).

Подетално прочитајте на страната на УЈП тука.

Денеска од Управата за јавни приходи ги повикаа земјоделците да се пријават за паушално оданочување.

Од оваа институција соопштија дека oние чиј приход од земјоделска дејност во 2015 година не надминува 1.300.000 денари може да се пријават данокот на доход да го отплаќаат паушално, потенцирајќи дека регистрацијата за паушално оданочување овозможува персоналниот данок да се плаќа еднаш во годината без дополнителни трошоци за  водење на деловни книги.

Слично

Поврзани вести