Како да се ослободите од стресот…лесно и едноставно според хороскопскиот знак !
За никого не е непозната идејата дека Хороскопскиот знак подразбира игра клучна улога во нашите преференции во различни сфери од нашите животи. Од изборот на партнер до она што го преферираме за пиење. Излегува дека хороскопскиот знаквлијае и во начинот на кој може да се ослободиме од стресот кој сите го чувствуваме во напнатото секојдневие!
Овен
Ако сте претставник на овој знак, сигурно ви треба барем по еден слободен ден во одредено време.Ви поминуваат деновите а правите ... апсолутно ништо. Дали ќе гледате телевизија, ќе слушате музика или ќе читате книга, но затворете го лаптопот, исклучете го телефонот и предупредете ги колегите дека сте апсолутно невидливи. Тоа е ваш начин да ги наполните батериите.
Бик
Дамите од Хороскопски знак Бик успешно ублажуваат секаков стрес, едноставно потпевнувајќи си. Имаат тенденција да се фокусираат на нешто и не можат да ги прифатат неуспесите. Ова води до нивната потреба да имаат во својот ум некој убав цитат на кој може да се потсетат и да го повторуваат во напнатите моменти.
Близнаци
За Близнаците е многу тешко да ги „исклучат“ умовите, па стресот им е „обожавател“. Најдобар начин за нив да не дозволуваат депресивни состојби и целосна ментална исцрпеност е да останат активни. А под активност се подразбира да се движат - тренинзите се најдобриот им пријател.
Рак
Претставниците на овој хороскопски знак често ги кријат своите чувства, но тие можат да бидат многу тешки. На ист начин кријат и не го признаваат и стресот, но во одреден момент чашата прелева. Ако сте од овој знак, обидете се да медитирате за да ги држите работите под контрола.
Лав
Лавовите се под стрес речиси цело време и соодветно се во вечна во потрага по начин да го совладаат. Спа искуства, масажи, маникир, фризури и слично што се препишува на Лавот и го подобрува изгледот, делува релаксирачки.
Девица
Девиците имаат тенденција да размислуваат премногу и да се трудат да бидат перфектни во сè. А тоа може да го направи животот многу стресен. За олеснување кај Девиците помага пишувањето. Да ги запишат мислите и идеите на хартија е многу релаксирачки и ослободувачки за нив.
Вага
Извор на стрес за претставничките на овој знак се конфронтацијата и неправдата. Единствениот начин за нив е да одржат мирен разговор со човекот кој им создава непријатност. Да ги искажат сите проблеми е начинот за ослободување од стресот.
Шкорпија
Шкорпиите се многу чувствителни и најразлични нешта можат да ги повредат и да ги натераат да се чувствуваат под стрес. Склони се да уживаат во својата осаменост и често се чувствуваат под стрес, ако другите очекуваат нешто од нив. Најдобар начин да го елиминираат стресот е да поставуваат граници околу себе и да не дозволуваат другите да им влијаат.
Стрелец
Динамичните Стрелци сакаат да се непрекинато во движење и да имаат нешто да прави. Но овој брза начин на живот може да ги исцеди и стресот. За стрелец начин за ослободување е да се занимава активно со работите кои ги сака најмногу или да ... патува!
Јарец
Јарците имаат големи очекувања од самите себе и поминуваат повеќе време во задоволување на туѓите желби. И тоа несомнено понекогаш го прави нивниот живот доста напорен. Времето е она што им треба на претставниците на овој зодијачки знак. Но време само за себе, за омилени активности, без товарот и одговорноста за другите.
Водолија
Овие луѓе сакаат авантури, итри се и духовити. Тенденциозно сепак се зафаќаат со премногу обврски одеднаш и тоа доведува до стрес. За да си ја вратат контролата, треба да се посвети поголемо внимание на задоволствата и да најдат рамнотежа.
Риби
Рибите ја сакаат приватноста и имаат тенденција да бидат тајни во животот. Но, токму тоа е она што ги оптоварува најмногу. Да се дистанцираат од луѓето кои ги стресираат, и да се најде време за најголемите задоволства - ова ќе им помогне најмногу да се опуштат.
