Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како да го одбраниме јавниот интерес од злоупотреба од власта?

Како да го одбраниме јавниот интерес од злоупотреба од власта?

Секој граѓанин има одговорност да ја брани државата од властодршците и активно да учествува во креирањето јавни политики. Граѓанското општество заедно со медиумите имаат задача да влијаат врз донесувањето одлуки од јавен интерес и да спречат истиот да биде злоупотребен од власта.

Ова беа дел од темите за кои се дискутираше на денешната конференција „Деконструирање на концептот на јавниот интерес во Република Македонија: зло(употреба) во име на граѓаните на Институтот за комуникациски студии.

12032976_1640039506236564_7881844616959682510_n

На отворањето на Конференцијата, британскиот амбасадор Чарл Герет особено се задржа на транспарентноста на власта и вклученоста на граѓаните во нејзиното владеење.

,, Владите кои не се транспарентни значи не работат за јавниот интерес. Тие работат со јавни пари и луѓето мора да се интересираат што се прави во нивно име. Се надевам дека со овој проект луѓето ќе се охрабрат активно да учествуваат во креирањето јавни политики - порача Гарет на

Поранешниот министер за финансии и гувернер на Народна Банка, Петар Гошев укажа дека во Македонија долго време нема дебати, туку како што вели има само монолози на истомисленици. Тој зборуваше и за примери во кои власта директно го злоупотребила јавниот интерес.

11139760_1640039539569894_8838074318090230449_n

,,Ние се соочуваме со огромен проблем на злоупотреба на јавниот интерес. Во чиј интерес е на пример, да се крие колкав е јавниот долг на државата? Чиј интерес е да не знаеме колкав број луѓе брои администрацијата? На кој начин се привлекуваат странските инвеститори или зошто се  одложува либерализација на енергетскиот сектор ? Ова се примери на манипулација и директна злоупотреба на јавниот интерес. “ – вели ексминистерот Гошев.

На дебата, учесниците особено се осврнаа на улогата на медиумите во бранењето на јавниот интерес.

Новинарот Ерол Ризаов, медиумите ги опишува како „место каде владее и царува цензурата".

12075030_1640039606236554_7152832227012737712_nСпоред него, медиумите веќе немаат притисок, затоа што веќе сами научиле како да ја фалат власта наместо да ја кудат и да го бранат јавниот интерес. ,,Ние ги изгубивме веќе сите права и стандарди. Потребно е да почнеме од почеток. “ – рече Ризаов.

Поголема транспарентност во работата на власта и овозможување суштинска дебата од ставови на различни групи граѓани, се предуслови за одговорно и отчетно владеење, заклучуваат учесниците во проектот „Изразување на јавниот интерес: зголемување на моќта на медиумите и граѓаните во штитењето на јавните политики во Македонија“.

Слично

Поврзани вести