Како да се надополни предлогот на Георгиевски?
Откако ВМРО ДПМНЕ и СДСМ начелно го отфрлија предлогот на Георгиевски за излез од кризата, останува нејасно дали Георгиевски предлогот го даде на своја рака, или во корелација со некои политички центри на моќ.
Како и да е, експертите имаат свој став за предлогот. Аналитичарот Арсим Зеколи, во интервју за Фактор кое ќе го објавиме подоцна во текот на денот, вели дека „ако сакаме да бидеме искрени, Георгиевски го спомна она што СДСМ веќе го прави за ДУИ, амнестирајќи ги преку поштедување од објава на телефонските бомби. А ако чепнеме уште малку подлабоко, може да испливаат и некои други примери на амнестии. ...
Реакциите кои уследија во јавноста по изјавите на Георгиевски се поиндикативни од самата изјава бидејќи ја разоткриваат состојбата на духот во Македонија. Оправдан гнев, разочараност, бес – вократко емотивно просудување за состојбите во критични моменти како константа од независноста па се до денеска. И причина за нашето вртење во круг“ смета Зеколи.
Зеколи смета дека вистинско решение би било „конфискација на нелегално стекнатите богатства и лустрација на политиката преку разјаснување на потеклото на стекнатите богатства е неспоредливо побитен за заздравување на општеството од самиот акт на апсење и ситење пред камери“ вели Арсим Зеколи.
Слично
