Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАКО ДА СЕ ИСТУРКА МЕСЕЦОТ: Текстилците и кожара со најмали примања-а кој сектор ужива во најголема плата?

КАКО ДА СЕ ИСТУРКА МЕСЕЦОТ: Текстилците и кожара со најмали примања-а кој сектор ужива во најголема плата?

Статистика бележи скок на платите во март.

Според заводот за статистика најплатени се професиите во воздухопловната индустрија, додека кожарската индустрија е професија каде платите се најмали.

Пилотите се оние кои може да се пофалат со најголеми примања во Македонија.

Во март вработените во дејност, односно пилоти контролори на лет и сличен кадар земале плата 52.756 денари.

Не за потценување ниту пак вработените во ИТ секторот. Висока плата имаат и програмерите и консултантите. За нив ДЗС регистрирал просечна плата од 49.074 денари во март.

Зад нив на листата со високи примања се редат и фармацевтските компании. Таму е регистрирана просечна плата од  45.107 денари во март.

Ако допрва ќе ја избирате вашата идна професија имајте на ум дека меѓу најплатени професии се редат и  финансиите и осигурувањето, како и телекомуникациите.

Наспроти високо платените професии стојат нископлатените.

Најмали плати во државата земаат кожарците.

Во оваа индустрија просечната плата е 12.220 денари. На нив во оваа група друштво им прават текстилните работници со измерена просечна плата од 13.584 денари а меѓу најниско платените се вбројуваат и рибарите и производителите на мебел.

Но, овие податоци ги бележи статистика. Во реалноста ситуацијата не е баш таква.

Вработените во текстилната индустрија на крајниот исток во Делчево земаат плати помали од просечните. Варираат од 7 до 11 илјади денари.

Па како да се издржи месецот со плата која не стигнува ниту за сметки кога газдите не го респектираат законот и трудот на работната сила?

Според Државната статистика, во март примањата по работник биле поголеми за 1.8% споредено со истиот месец лани. Просечната нето плата достигна 22.445 денари. Додека од една страна, 1.3 отсто од работниците не земале плата во март.

Слично

Поврзани вести