Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како да препознаете генетски модифицирана храна во продавниците?

Како да препознаете генетски модифицирана храна во продавниците?

Генетски модифицираната храна е поубава на изглед, совршено обликувана и идентична по големина и боја.

ГМО храната се добива со вметнување на генетски материјал од еден вид на друг вид, преку генетски инженеринг. Со тоа се овозможува пренесување на една карактеристика од еден на друг вид кои не се во сродство.

Производите кои се произведени по вештачки пат, немаат модрици или лузни.Како што во природата нема ништо идентично, така е и со зеленчукот или овошјето.

Кога купувате вакви производи одбирајте неправилно овошје и зеленчук. Гледајте продуктите да бидат со различни бои, големини и форми.

Купувајте од селаните кои сами ги одгледуваат производите и употребете ги горенаведените совети. И селаните сејат ГМО незнаејќи и ги хранат домашните животни со ГМО производи.

ГМ храната е најевтина, а здравата храна по правило е поскапа. Хранте се со сезонско овошје и зеленчук. Ако во продавниците видете овошје или зеленчук на кое не му е време, тоа е најчесто увозно или е одгледано во пластеници со употреба на сите био-технологии, забразувачи на раст и пестициди.

За да ја избегнете ГМО храната, купувајте од мали производители и земјоделци кои сами ја одгледуваат и продаваат храната, а секогаш применувајте го правилото од првиот пасус.

Слично

Поврзани вести