Како да препознаете лажни огласи за работа
Овие неколку трикови ќе ви помогнат да не бидете измамени и да ги препознаете сумливите огласи за работа.
1 Интервју во доцни часови – Некои компании го закажуваат интервјуто за работа во доцни часови, бидејќи имаат голем број на кандидати, а и немаат време во текот на работните часови да го направат тоа. Во глобала ова се големи компании. Сепак, ако фирмата не ви е позната и не сте сигурни за што се работи, земете некој со себе да ви прави друштво и да ве чека додека завршите со интервјуто.
2. Нерегистрирани фирми – Некои фирми бараат работници уште пред да ја регистрираат нивната фрима. Затоа се случува преку интернет да не можете да најдете информации за фирмата. Сепак, ако ви делува сомнително побарајте некој да ве придружува на интервјуто, барем да ве чека надвор да завршите.
3. Посредници и давање пари
Малите фирми во глобала не користат посредници кога бараат работници. Тоа го прават големите фирми и соработуваат со PR агенции. Овие агенции не земаат пари од кандидатите кои се пријавуваат на конкурс за работа, а некои меѓународни фирми имаат и точно утврдени процедури за аплицирање. Ако некој од вас бара пари за аплицирање на работа, добро размислете пред да го направите тоа.
4. Работа во странство
Бидете претпазливи кај овие понуди, поготово ако аплицирате преку поединец или нерегистрирани агенции. Пред да ги дадете вашите пари и пасош, проверете која е таа личност, бидејќи има голем број на случаи каде луѓето биле измамени и ограбени.
5. Брзи и лесни пари – Ветувањето за голема плата, по лесен пат веднаш „мириса” на измама. Не се залетувајте брзо во понуди кои од вас бараат малку труд, а ветуваат голема плата.
