Како да побараш поголема плата?
Жарко Димитриоски е автор и водител на најпопуларното домашно ток-шоу “Еден на Еден” и креативен директор во истоимената маркетинг агенција . Секој вторник ви ги пренесуваме неговите пораки во однос на бизнисот, маркетингот и претприемништвото кај нас.
Сум бил во ситуација да се бара поголема плата од мене, сум бил во ситуација да барам поголема плата и јас самиот. Посебно додека бев во А1 телевизија и додека се качував кон позицијата уредник, повеќе пати барав и добивав поголема плата. Но, секој сака да знае како и кога да побара, во кој момент, со кое прашање и сл. Сигурен сум дека нема некоја конкретна формула, но од свое искуство можам да го кажам следново...
- Твојот газда треба да те знае како топла и позитивна личност
- Не е важно колку време си во компанијата, важно е во кој момент ќе прашаш
- Немој да мислиш дека вредиш онолку колку што самиот ќе решиш
- Фокусирај се на твоите достигнувања
- Избегнувај ултиматуми
Слично
