Како да откријат фалсификувани лекови – се обучуваат полицајците
Експерти на француската жандармерија во Центарот за обука на МВР во Идризово денеска ја започнаа обуката за борба против трговијата со фалсификувани медикаменти.
Според министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, сé почести се обидите за внесување на фалсификувани лекови во Македонија, најчесто од Косово.
„Во 2013 година запленети се 719 разни пакувања на лекови без бандероли од Косово, додека во 2012 запленети се 3.952 таблети спакувани на најразлични начини“, истакна Јанкулоска.
Француската амбасадорка во Македонија Лоренс Оер вели дека и во Франција шверцот на фалсификувани лекови е во пораст. „Целта на оваа обука е да се дадат што повеќе оперативни насоки на македонските институции на ова поле“, рече Оер.
Тридневната обука за откривање и препознавање на фалсификуваните медикаменти ќе ја посетуваат претставници од МВР, Министерството за правда, Министерството за здравство, како и претставници од Царинската управа.
Слично
