Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како да ја биде државната Пошта?! На плати троши 90 отсто од приходите

Како да ја биде државната Пошта?! На плати троши 90 отсто од приходите

И по промената на името државната „Пошта“ продолжи да работи со загуба. Под палката на Јани Макрадули државното претпријатие и покрај владината корона субвенција од речиси 2 милиони евра, годината ја заврши со загуба од 1,54 милиони евра и зголемен број вработени

Државната Пошта која лани го избриша префиксот „Македонски“ од своето име, не ја смени деловната политика. Загубата од работењето и понатаму е основен именител на гарнитурите кои раководеа со оваа голема државна компанија во последниве неколку години.

Во Поштата се случи кадровска промена. ДУИ ја предаде на владение на коалицискиот партнер по повеќе годишно раководење. Сега Поштата е под водство на Јани Макрадули, кадар на СДСМ, но загубата од работењето останува заеднички именител на сите владеачки гарнитури.

Извештајот на независните ревизори покажува дека Поштата лани завршила со загуба во работењето од 1,5 милиони евра и тоа во услови во кои Владата заради корона кризата и одобрила субвенции во износ од речиси 2 милиони евра.

Трошок за вработени е 14,8 милиони евра или 13 отсто повеќе од 2019 година. Од сите приходи на „Пошта„ лани дури 90 отсто биле потребни за да покријат трошоците за 2.267 вработени лица од кои нови вработени лани се 174 лица.

„Пошта“ губи приходи!

Податоците на независната ревизија покажуваат дека лани „Пошта“ изгубила безмалку еден милион евра приходи од поштенско работење! Лани тие приходи изнесуваат 14,1 милиони евра, а во 2019 биле 15,09 милиони евра. И целото намалување е од кор услугата писмоносни услуги основната дејност на компанијата. Компанијата ја погоди и пропаста на „Еуростанард“ банка затоа што приходите од платниот промет од банки и се намали за речиси 700.000 евра.

И покрај тоа што Владата даде поддршка „Пошта“ лани не само што не ја намали туку и за зголеми за речиси 30 отсто својата загуба. Таа лани изнесува 1,5 милиони евра. Повеќе детали на следниот линк 

Р.Ф.

Слично

Поврзани вести