Како да имате безгрижен одмор?
Започна сезоната на летните одмори. Ако веќе знаете каде и со кого ќе патувате и што ќе понесете со себе, каде и да одите за убав и опуштен летен одмор секогаш се потребни повеќе пари, кои доколку во моментот ги немате, наједноставно можете да ги обезбедите со кредитните картички на Охридска банка Сосиете Женерале со промотивна каматна стапка од 6,45%.
Имајќи ги во предвид потребите на корисниците, а токму во пресрет на летото и летните одмори, Охридска банка Сосиете Женерале воведе уникатна промоција на кредитни картички кои дополнително ќе ви го решат и проблемот со задолжителното патничко осигурување.
Картичките со осигурување на Охридска банка Сосиете Женерале ги имаат сите карактеристики на платежна картичка и можете да ги користите во земјата и во странство, а со нив можете да вршите плаќања во малопродажба, интернет-плаќања, како и повлекување на готовина од банкомат. Но, дополнителна предност на овие картички е токму осигурувањето, кое е вклучено и кое важи за патување во странство на носителот на картичката и неговото потесно семејство насекаде во светот со максимално времетраење од 90 дена доколку патувањето е во целост платено со картичката. Во зависност од тоа која картичка ќе ја изберете, осигурувањето покрива: медицинска помош, помош при патување, смрт од незгода во странство и доцнење на лет или багаж.
Условите важат за: Мастеркард стандардна кредитна картичка, Мастеркард златна кредитна картичка, Мастеркард платинеста кредитна картичка, Виза класична кредитна картичка и Виза златна кредитна картичка.
Единствено кредитните картички на Охридска банка Сосиете Женерале, нудат вклучено осигурување (Ин-кардс) кое е бесплатно за носителот на картичката и опфаќа листа на неживотно осигурување во зависност од видот на картичката за целото нејзино времетраење, а до 30 септември картичката ја добивате и со промотивно намалена каматна стапка од само 6,45% и нејзино користење без провизија во првата година.
Во продолжение на www.ohridskabanka.аmk/karticki.nspx прочитајте неколку корисни совети за користење на кредитните картички.
Слично
