Како да го транфсормирате бизнисот во екот на новата технолошка револуција?
Светот влезе
во ерата на четвртата индустриска револуција. Брзиот развој на технологијата
покажува потенцијал на радикален начин да ги менува сегашните професии и
индустрии, а обемот на активностите што можат да бидат автоматизирани се шири и
на сфери што беа резервирани исклучиво за луѓе, како управување со возила,
превод, пишување на статии, редење на производи и многу други активности.
Индустрискиот робот Бакстер со две раце и анимирано лице, способен да изврши полесни задачи како дотур, сортирање и пакување на артикли, не се заморува, не користи годишен одмор и чини 25.000 долари.

Во јавноста често се создава слика дека технологијата ги уништува добро платените работни места, долгите кариери и сигурни пензии, но технологијата исто така креира нови професии за навидум неповрзани индустрии, особено професии во кои доминираат когнитивни и не-рутински работни задачи, како и работни процеси што користат нестандардизирани компоненти и протоколи.
Благодарение пак, на дигиталната трансформација во сите индустрии, а особено во малопродажбата, осигурувањето и во телекомуникациите, континуирано се трансформира работењето и прилагодувањето на услугите и решенијата за корисниците.
Водечките компании ги следат моделите на успешните трансформации, а нивните аспирации се максимално насочени кон можностите и предностите што ги овозможува „новото време“.

Можностите што ги нуди вештачката интелигенција, роботиката, 3Д технологијата, нанотехнологијата и паметните уреди се неограничени и поврзуваат услуги и нудат екстраможности за поефикасно работење. Во таа смисла, компаниите можат на своите корисници да им понудат интегрирани решенија и услуги и голема слобода при изборот, во зависност од потребите.
Едно од таквите паметни интегрирани решенија кои се целосно во чекор со новите, унапредени потреби на современото живеење е Magenta 1Business пакетот на Македонски Телеком, што нуди неограничени разговори во фиксните и мобилните мрежи, супер брз интернет и бесплатни Cloud услуги за паметно работење.
Со ова решение, корисниците добиваат и буџет за набавка на смартфон, лаптоп, телевизор, принтер, компјутер, таблет по личен избор и тоа само со потпишување договор на 24 месеци. Деловните корисници на Magenta 1Business пакетот можат да ја изберат најдобрата интерактивна телевизија MaxTV за во канцеларија, а со услугата MaxTV GO таа станува достапна и во движење, преку кој било уред. На овој начин, секој деловен корисник на Magenta 1Business ги добива сите потребни решенија на едно место и во една сметка.
Ваквиот особен раст на продукти и услуги, напредни можности и безмалку неограничени капацитети за складирање на податоци го зголемуваат бројот на сервиси што можат да се понудат на деловните корисници, бидејќи и покрај природната еволуција на индустријата, луѓето и натаму се еден од клучните фактори на економските активности.
Повеќе информации за побарајте на telekom.mk во делот за деловни корисници, на 120 или во најблиската Телеком продавница.
