Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како да го спасите работното место, ако ви се спрема отказ

Како да го спасите работното место, ако ви се спрема отказ

Свесни дека во последно време не сте многу продуктивни и најактивни на работа, фаќате кривини и во секој момент очекувате да ве опоменат, па и да ве избркаат од работа.

Ако сакате да го задржите работното место мора да промените некои навики и рутини.

1. Дознајте каде грешите Ако не сте свесни каде правите грешка, слободно прашајте ги вашите колеги, а и вашите надредени да ви кажат каде е вашиот проблем. Првиот дел од решавањето на некој проблем е да бидете свесни за вашите грешки.

2. Преиспитајте го вашето однесување на работа

Размислете како сте се однесувале на работа од првиот ден, па до овој каде сте опоменати или ви се заканува отказ. Преиспитајте се дали е тоа правилно и променете ги лошите навики .

3. Ако сте добиле опомена..

Ако знаете дека компанијата ќе дава отказ на многу работници - спремете се за борба. Работете напорно и покажете дека без вас компанијата не може.

4. Бидете незаменлив

Усовршете некоја нова техника во фирмата, почнете некој проект или волонтирајте на некој нов или веќепостоечки. Надоградувајте се постојано во работата. На овој начин иако добиете отказ од тоа работно место, вие можете потоа подобро да се „продадете" на пазарот.

5. Подобрете ги односите со луѓето околу вас

Никој не сака работник што е во постојан конфликт со вработените. Ако сте вие негативецот во фирмата, ќе бидете прв на листата за отказ.

6. Ако ништо не ви успева

Ако ништо од ова не ви успее на работа, тогаш можеби е подобро и попрво да дадете отказ отколку да чекате да ве отпуштат. На овој начин ќе можете да си ги испланирате следните чекори на професионален план.

Слично

Поврзани вести