Како да ги намалите трошоците за храна и да заштедете? Еве неколку трикови
Најмногу пари во месецот, трошиме за прехрана. Овие неколку совети ќе ви помогнат разумно да трошите и да ги намалите месечните давачки за исхрана.
1. Не одете често во продавница
Ако одите почесто во продавници и супермарки сигурно дека ќе трошите повеќе пари, а некогаш и на производи што не ви се потребни. Одете во продавница три пати неделни и купете се што ви е потребно за прехрана, за да не паднете во искушение да купувате се и сешто кога базарите секој ден.
2.Плаќајте во готово
Кога плаќате со картичка не ги чувствувате толку парите и не можете да видите колку пари сте потрошиле . Најдоборо е да ја оставите картичката дома и да земете само онолку пари колку што планирате да потрошите за да бидете сигурни дека нема да ставите во кошницата нешто дополнително што не ви е потребно.
3. Пресметајте колку пари ви требаат
Земете калкулатор и однапред пресметајте што ви е потребно да купите од продавница и колку пари имате на располагање. Потоа придржувајте се до листата што сте ја направиле и не купувајте непотребни производи.
4. Купувајте производи кои се на попуст
Секој викенд продавниците поставуваат свои каталози во кои се издвоени производи на попуст. Не ги фрлајте во ѓубре, бидејќи можат да ви помогнат во планирање на купувањето. Прошетајте до супермаркетот и проверете кои производи се на попуст за да не заборавите нешто.
5. Не шетајте околу целиоt супермаркет
Упатетете се во делот од супермаркетот каде се наоѓа производот што го барате и не го обиколувајте целиот супермаркет.
6. Купувајте помалку месо
Уште еден начин да заштедете пари е да купувате помалку месо. Обидете се наместо месо да ставите повеќе зеленчук во вашиот најдраг рецепт. Тортиљи, шпагети и ориз ќе имаат добар вкус ако наместо месо ставите свеж зеленчук.
7 Купувајте производи од помалку познати производители
Не бидете робови на светко познатите брендови. Пробајте производи и од помалку познати производители. Тоа што е поевтин не значи дека има послаб квалитет.
8. Направте сезонска залиха
Некогаш е поважно кога купувате одколку што купувате. Кога купувате сезонски тоа е добар начин да направите залиха. Купените производи ставете ги во замрзнувач и така ќе ја задржите свежината на намирниците кои сте ги купиле.
