Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како Ципрас е убеден дека референдумот во Македонија ќе успее?

Како Ципрас е убеден дека референдумот во Македонија ќе успее?

Грчкиот премиер Алексис Ципрас е оптимист за претстојниот референдум во Македонија, и е убеден дека и грчкиот парламент со мнозинство гласови ќе го усвои договорот за името постигнат со Скопје.

„Имаме важен договор, кој , ако биде ратификуван на референдумот во соседната земја, ќе му даде значаен поттик на Солун во северна Грција да стане движечка развојна сила и да и го отвори патот на Грција да стане водечка сила во балканскиот регион“; кажал Ципрас на брифинг со медиумите.

Тој рекол дека нема да има предвремени избори и дека неговата влада ќе го заврши својот четиригодишен мандат и покрај несложувањата со коалициониот партнер Панос Каменос, лидер на Независни Грци.

„На оваа земја и треба политичка стабилност“, порачал Ципрас, истакнувајќи дека Грција не е подложна на меѓународен притисок со цел постигнување на договор за името со Македонија.

„Никој не ни направил притисок по тоа прашање. Во момент кога прогресивната влада е избрана во соседната земја, ја искористивме шансата“, заклучил Ципрас.



Foto: Reuters


Слично

Поврзани вести