Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како Царинската управа го натфрли планот за наплата на јавни давачки во 2017?

Како Царинската управа го натфрли планот за наплата на јавни давачки во 2017?

Царината бележи квалитетна 2017 година во која има раст од 7,2% на наплатата на сите давачки во однос на годината претходно, а најголем пораст има во наплатата на ДДВ за увоз од 9,4, а раст има во сите категории. 

Царинската управа на Република Македонија, како чувар на финансиските интереси на државата, во 2017 година продолжи успешно да ја спроведува една од своите основни надлежности, а тоа е пресметка и наплата на извозни и увозни давачки, даноци и други јавни давачки и надоместоци од увоз, извоз или транзит на стока.

Директорот на Царинската управа, г-дин Ѓоко Танасоски, информираше дека во 2017 година, Царинската управа го оствари и натфрли планот за наплата на јавни приходи. Поточно, во 2017 година Царинската управа по сите основи наплати вкупно 78,21 милијарди денари, што е за 5,27 милијарди денари повеќе, односно 7,2% повеќе од 2016 година, кога беа наплатени 72,94 милијарди денари.

Износот на наплатени давачки по видови за  2017 е:



· ЦАРИНА -  5,17 милијарди денари, што е за 8,7% повеќе во однос на 2016 година, кога беа наплатени 4,76 милијарди денари. Најголем пораст на наплатени приходи од царина е забележан кај увозот на минерални масла и деривати, електрични машини, опрема и делови, како и кај зеленчукот, овошјето, тутунот и месото.

· ДДВ - 46,06 милијарди денари, што е за 9,4% повеќе во однос на 2016 година, кога беа наплатени 42,09 милијарди денари. Притоа, пораст бележат наплатени приходи од ДДВ на увозот на руда, згури и пепели, минерални масла и деривати, електрични машини, опрема и делови, железо и челик, тутун итн

· АКЦИЗИ - 26,3 1 милијарди денари на акциза, што е за 3,6% повеќе во однос на 2016 година, кога беа наплатени 25,4 милијарди денари. Притоа, забележана е зголемена наплатата кај сите категории на акцизни производи, автомобили, минерални масла,  алкохол/пиво и тутунски производи.

· НАДОМЕСТОЦИ - 0,66 милијарди денари на име надоместоци, што е за 2,5% помалку во однос на 2016 година, кога беа наплатени 0,68 милијарди денари. Во посочениот период најголем приход е остварен од надоместоците за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати кои во вкупниот приход учествуваат околу 85%

Од графиконите во продолжение може да се види учеството на наплатените приходи на Царинската управа во вкупно планираните приходи на ниво на Буџет на РМ за 2017 година, како и Учеството на наплатени приходи на ЦУРМ во планирани даночни приходи во Буџетот на РМ за 2017 година.



- Наплатените приходи претставуваат значителен успех за Царинската управа, потенцираше директорот Танасоски и додаде дека овој успех се должи на повеќе фактори, а пред се на зголемена финансиска дисциплина на сите учесници во трговијатa, соработката со институциите кои вршат контрола на внатрешниот пазар, унапредувањето на системот за управување со ризик на Царинската управа при увоз (насочени контроли), односно подобри резултати со помалку извршени контроли како и подобрувањето на интерните контролни системи.


Слично

Поврзани вести