Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како Благој Ѓорев втора година по ред работи со загуба?

Како Благој Ѓорев втора година по ред работи со загуба?

Благој Ѓорев од Велес бележи загуба во работењето за првите шест месеци од годинава која е речиси на исто ниво како и загубата остварена во истиот период лани па така на годишно ниво гледано нема поголеми поместувања.

Сепак, Благој Ѓорев АД Велес полош резултат има остварено во вкупните приходи кои од 1 јануари до 30 јуни 2017 достигнале 273,5 милиони денари или за 11% помалку во однос на првото полугодие лани.

Од друга страна пак вкупните оперативни расходи годинава за првите шест месеци изнесуваат 243,5 милиони денари или за 13% помалку споредено со истиот двоквартелен период од 2016 година.

„Во овој период крајните залихи на готови производи се помали во однос на почетните и се остварени помали приходи од реализација на залихата во однос на направените трошоци за истата и како резултат на тоа е искажана загуба“, објаснуваат од ПИ „Благој Ѓорев“ АД Велес.

Фабриката за производство на масло и прехрамбени производи „Благој Ѓорев“ кварталот го завршува со загуба од 8,3 милиони денари што е за околу 1 милион денари помалку во однос на загубата која е регистрирана лани.

Х.С.

Слично

Поврзани вести