Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како би изгледало викендот да трае три дена?

Како би изгледало викендот да трае три дена?

Американската сојузна држава Утах во 2008 година на вработените во државно им понудила работна недела од 4 дена, но со задржување на 40 работни часа неделно.

Со оваа промена биле опфатени 18.000 луѓе од кои две третини тврделе дека продуктивноста им се зголемила. Намалени биле боледувањата со што државата заштедила 4 милиони долари.

Вработените оцениле дека ваквото работно време многу позитивно влијае на нивниот личен живот и семејството.

И некои од приватните компании го вовеле викендот од три дена, со што имале и раст од 120%.

Се наведува дека на ваков начин и работодавачите ги намалуваат трошоците, а ова е дополнителна можност и да привлечат подобри кандидати за работа, оние кои сакаат да работат 4 дена со 40 работни часа.

Оние работници кои работат по 55 часа неделно имаат за 33% поголем ризик за појава на мозочен удар.

Слично

Поврзани вести