КАКО БАФЕТ ГИ ВИВНА АКЦИИТЕ НА ЕПЛ ДО НЕБО: „Тоа е неверојатна компанија“
Акциите на компанијата Епл достигнаа рекордна вредност откако еден од водечките светски инвеститори Ворен Бафет купил 75 милиони акции од таа компанија.
Со купување акции на Епл во првото тримесечие оваа година, вредни помеѓу 11 и 14 милијарди долари, Бафет го зголемил своето портфолио во компанијата на 170 милиони акции, во која е најголем акционер.
Купувањето следи неколку дена откако Епл ги објави добрите квартални резултати, со што е завршена загриженоста поради нешто послабата продажба на последниот модел Ајфон 10.
„Тоа е неверојатна компанија“, рекол Бафет.
Акциите на Епл скокнале за четири проценти и достигнале рекордна вредност од 183,8 долари во петокот, со што пазарната капитализација на компанијата е подигната на 900 милијарди долари.
Од почетокот на годината, акциите пораснале осум отсто.
