Како американскиот долар ја започна неделата?
Американскиот долар се соочува со петтото по ред неделно намалување.
Индексот Bloomberg Dollar Spot Index се очекува да ја запише најдолгата серија загуби од мај 2015 година. Тогаш показателот се намали за 4,5% за пет недели, по што отскокна за 2,6% во рок од една недела. Тоа беше најголемиот 5-дневен скок по три и пол години.
По изборот на Доналд Трамп за претседател на САД во почетокот на ноември лани доларот поскапе. Потоа валутата беше поддржана и од Федералните резерви, кои ги зголемија каматните стапки во САД со 25 базични поени за првпат по една година. Покрај тоа, ФЕД изрази намера да го забрза значително темпото на затегнување на монетарната политика во 2017 година и да ги зголеми каматите четири пати со по 25 базични поени.
Берзата исто така беше поддржана од победата на Трамп, затоа што пазарите се надеваат дека ќе бидат исполнети ветувањата за повеќе фискални трошоци, повеќе инвестиции во инфраструктурни проекти и помалку даноци и прописи.
До 14.30 часот едно евро се разменуваше за 1,0681 долари, а курсот на јенот е 115,21 јени за долар.
