Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како Алибаба ќе го неутрализира Амазон во Азија

Како Алибаба ќе го неутрализира Амазон во Азија

Алибаба прави напори да остане единствениот најмоќен играч во онлајн трговијата на азискиот пазар, па затоа има сериозна намера со понуда од две милијарди долари да го преземе преостанатиот дел од групацијата Лазада, која исто така се занимава со интернет продажба во југоисточна Азија и досега бележеше раст на пазарното присуство.

Алибаба веќе поседува 83 проценти од Лазада, а како доминантен и единствен сопственик ќе може целосно да ја контролира политиката и носењето на одлуки, но и да ја консолидира компанијата при налетот на конкурентите.

Според понудата, Луси Пенг од Алибаба ќе стане новата директорка на Лазада, а основачот на оваа компанија Макс Битнер ќе биде примен како виш советник во Алибаба.

Алибаба се соочува со зголемена конкуренција од Амазон за азискиот пазар. Амазон лани воведе можност за испорака на купените производи во рок од два часа во Сингапур во обид да преземе дел од пазарот од Алибаба.


Слично

Поврзани вести