Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како Ахмети ги оценува првите 100 дена од работата на Владата?

Како Ахмети ги оценува првите 100 дена од работата на Владата?
За министрите и пратениците од ДУИ, главни приоритети во овој мандат ќе бидат членството во Европската унија и НАТО, рече лидерот на ДУИ Али Ахмети, кој денеска на посебна пресконференција ги анализираше постигањата на Владата во првите 100 дена од работата на овој состав. „Но, евроатлантската интеграција е комплициран процес затоа што претходно бара решение на спорот со името со нашиот јужен сосед, Грција. Глобалните и регионалните околности, ситуацијата во Украина и Блискиот Исток, го отежнуваат процесот процесот на решавање затоа што фокусот на нашите меѓународни пријатели е кон овие кризни жаиршта. За ова, ние се ангажираме секој ден за да го деблокираме овој процес заедно со нашите коалициски партнери и со меѓународната заедница“, вели Ахмети. Според него ДУИ се убедени дека „сме многу блиску до решението, но имаме потреба од директни преговори со меѓународно посредништво и потоа решението ќе се постигне“. „Успехот на овој процес претставува заокружување на нашата заедничка инвестиција во Македонија, но истовремено ќе ги релаксира видливо и меѓуетничките односи како и имплементацијата на духот на Охридскиот Договор, ќе придонесе кон мирот, одржливата стабилност и сигурност во земјава и регионот, но и за економскиот развој“, верува лидерот на ДУИ. Ахмети очекува на 8 октомври во најновиот извештај Европската комисија да ја повтори препораката за почеток на преговори со Македонија, а дека декемврискиот самит што ќе следува потоа „ќе биде поттик за финален бран на преговори меѓу Скопје и Атина“. Лидерот на ДУИ имс е заблагодари на граѓаните за големата поддршка на последните предвремени парламентарни избори, на кои партијата освои 20 пратенички мандати, а потоа обезбеди и 8 министерски места, „што претставува првпат, една албанска партија да осигура толкав број на пратеници и министри“. Се осврна и на последната анкета на американскиот Републикански институт (ИРИ), според која ДУИ за првпат има поголема доверба од СДСМ и се наоѓа на второ место меѓу политичките партии во Македонија.    
Слично

Поврзани вести