Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кај се видело свадба без оро, и без музика

Кај се видело свадба без оро, и без музика

Новото „нормално“ кое произлезе од пандемијата со коронавирус е незамисливо ненормално во некои случаи.

Досега не можевме да замислиме свадбените веселби да се одржуваат без музика, а камоли без да се заврти некое оро.

Вреботените во музичкиот сектор се меѓу најпогодените од коронавирусот. Тие се без работа и немаат никакви ангажмани скоро цела година, па оттука и нивното незадоволство од новите протоколи за работење на нивната дејност.

Имено, музичарите бараат да бидат дел од рестартирањето на угостителскиот сектор.

Немањето настапи им ги сведе приходите на минимум, а сега сакаат да има жива музика со почитување на препораките и протоколите за работа во ресторани и угостителски објекти.

Според новиот протокол кој го предлагаат претставниците на ресторани се бара на работно време до 21 часот, свадбите да не се играат ора, а танц само имаат чест да одиграат само младенците.

Бараат да има и жива музика, нспроти ограничен број гости. Средствата за дезинфекција да бидат задолжителни на секоја маса а персоналот да мора да носи маски. 

Доколку надлежните ги одбијат овие барања протестите ќе продолжат од наредната недела.

Слично

Поврзани вести