Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кај нив невработеноста се намалува

Кај нив невработеноста се намалува

Во Германија се намалува невработеноста. 

Федералната агенција за вработување регистрира рекордно ниска невработеност. 

Во моментов, стапката на невработени граѓани изнесува 5.8% од вкупното население. Меѓу невработените има и огромен број бегалци.

Според податоците од март, земјата ја достигна најниската стапка на невработеност, од обединувањето во 1990 година па наваму. Наместо за 10.000, како што прогнозираа експертите, бројот на невработени во Германија е намален за цели 30.000 луѓе, само за еден месец. 

Според Агенцијата за вработување, пазарот на трудот продолжува да се развива во многу позитивна насока. Стапката на вработување постојано расте, а побарувачката на работна сила станува сé поголема.

Се очекува дека на крајот на 2017 година, Германија ќе има 44 милиони вработени, и околу 2.5 милиони невработени, соопштува МИА.

Најмногу нови работни места во моментов има во јавните услуги, образованието и здравството. Тоа е подем во сфери кои, видливо, исто така имаат директна или индиректна поврзаност со напливот од мигранти во Германија.

Слично

Поврзани вести