Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кај клучката за Мрзенци повредена жена од Гевгелија

Кај клучката за Мрзенци повредена жена од Гевгелија

Т.Б. (27) од Гевгелија е потешко повредена во сообраќајната несреќа што утрово се случила на патот Гевгелија-Демир Капија кај клучката за село Мрзенци. До несреќата дошло кога џип со скопски таблички во кој биле А.Ш. и Р.Ш., татко и син од Скопје, од засега непознати причини се судрил со „шевролет“ кој го возела жената од Гевгелија. Повредената е пренесена во гевгелиската болница. Дел од патот времено е затворен за сообраќај затоа што се врши увид на местото на несреќата.

Слично

Поврзани вести