КАЈ БИТКОИНОТ НИШТО НОВО: Паѓа под психолошка граница
Биткоинот падна на најниско ниво за месец дена и сега изнесува 8000 долари, и ова е прв пат од средината на април.
Оваа криптовалута падна за 3 проценти на 7.868,71 долари.
Етериумот падна за 5 проценти, а биткоин кеш се намали за 9 проценти.
Биткоинот ќе се зголеми оваа година и ќе достигне до претходните високи нивоа, рече претседателот на „CoinShares“, Дени Мастерс, цитиран од „CNBC“.
Додека најпопуларната криптовалута се опоравува од најниските нивоа, постигнати порано во текот на годината, од под 6 илјади долари, таа се уште е многу далеку од врвот од крајот на 2017 година од околу 19.500 долари за монета.
Слично
