Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАФУЛИЊА, ПРОДАВНИЦИ, РЕСТОРАНИ, ТРГОВСКИ ЦЕНТРИ - викендов се ќе работи во Србија до 20 часот

КАФУЛИЊА, ПРОДАВНИЦИ, РЕСТОРАНИ, ТРГОВСКИ ЦЕНТРИ - викендов се ќе работи во Србија до 20 часот

На денешната седница на Кризниот штаб на Србија било одлучено се да може да работи до 20 часот во претстојниов викендов, дознава српски „Блиц“, но веста ја објавуваат и другите српски медиуми.

Според нивниот извор, новото работно време ќе важи за сите: продавници, кафулиња, ресторани, трговски центри, услужни активности ...

Потсетуваат дека сето ова беше затворено претходниот викенд.

Исто така, донесена е одлука строго да се почитуваат сите епидемиолошки мерки, кои ќе бидат строго контролирани.

Новите мерки се очекува да бидат објавени на прес-конференцијата во 15 часот.

Ова се однесува на сите преземени мерки, како што се почитување на растојанието, носење маска, бројот на луѓе на масата во кафулињата. Исто така, музиката не е дозволена во угостителските објекти.

На седницата се разговарало и за нови мерки за Нова година, но конечната одлука ќе биде донесена во понеделник, за кога е закажана нова седница на Кризниот штаб.

Денешната седница се одржа затоа што мерките донесени во понеделникот беа временски ограничени до денес. 

На седницата во понеделникот беше одлучено работното време на сите угостителски објекти, трговски центри, продавници, како и услужни активности да се продолжи до 20 часот. Пред тоа, нивното работно време беше до 17 часот, а беа затворени за време на викендите.

Слично

Поврзани вести