Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАФЕТО ЗА 23 ОТСТО, ГАУДАТА ЗА 34, А САЛАМИТЕ ЗА 60 ПРОЦЕНТИ - Гермаците секоја недела се соочуваат со нови цени, „страдаат“ нивните омилени производи

КАФЕТО ЗА 23 ОТСТО, ГАУДАТА ЗА 34, А САЛАМИТЕ ЗА 60 ПРОЦЕНТИ - Гермаците секоја недела се соочуваат со нови цени, „страдаат“ нивните омилени производи

Во Германија секоја недела намирниците поскапуваат, што особено важи за омилените производи кои Германците сакаат да ги јадат за појадок.

Поскапувањето почнува со кафето, чија цена скокна за 22,85 отсто. Така, една шолја кафе во јануари чинела 14 центи, а денес е 17 центи.

„Во последните осум месеци цената на сировото кафе скокна за 50 отсто“, објаснуваат од компанијата Цибо за весникот „Билд“.

Инаку, Германците сакаат да пијат кафе, како што покажува статистиката, според која секој Германец пие 169 литри кафе годишно.

На трпезата за појадок не смеат да изостанат млечните производи како путер, млеко и сирење.

Кога станува збор за млекото, во септември лани литар чинел уште 90 центи, а една година подоцна веќе бил 1,17 евра, што е поскапување за 30 отсто.

Кај органското млеко поскапувањето е уште поголемо и изнесува 50 проценти.

Исто така, поскапувањето на путерот и сирењето особено се чувствува по џебот.

Така, 250 грама путер во септември лани чинеле 1,51 евро, а сега 2,49 евра.

Така е и со сирењето - килограм „гауда“ пред една година чинеше 5,86 евра, а сега цената му е 7,87 евра, што е зголемување за 34,30 отсто.

Млекарниците поскапувањето на млечните производи го оправдуваат пред се со скокот на цената на енергијата, што ги зголемува трошоците за транспорт, производство и ладење.

А сите салами поскапеа драстично, дури и за 60 отсто.

Околу 11.000 месарници се соочени со зголемени трошоци за струја и не можат сето тоа да го префрлат на потрошувачите.

Цената на 100 грама салама моментално чини 2,53 евра, а пред една година цената беше 2,25 евра.

Што се однесува до јајцата, производителите посочуваат дека поскапеле енергетските производи и добиточната храна за кокошките, што го поскапува производството.

Како резултат на тоа, пакување од 10 јајца во просек чини 1,99 евра, а лани 1,69 евра.

А сокот од портокал поскапе за 57,4 отсто во последните 12 месеци.

Кога станува збор за лебот, тој во просек пораснал за 18 отсто.

(Танјуг)

Слично

Поврзани вести