Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАФЕТО СТАНУВА СЛАТКО ЗАДОВОЛСТВО: Цената на „арабика“ е повисока за 70 отсто

КАФЕТО СТАНУВА СЛАТКО ЗАДОВОЛСТВО: Цената на „арабика“ е повисока за 70 отсто

Кафето повторно поскапува, во САД, цената на „арабика“ е зголемена за 70 отсто. 

Сушите во државите производители, зголемената побарувачка и проблемите во транспортот доведоа до зголемување на цената на сировото кафе на светските берзи. Проф. д-р Вељко М. Мијушковиќ, од Економскиот факултет во Белград, објаснува дека сегашното поскапување е резултат на неколку светски фактори, пренесува Србија данас.

„Производителите во Србија делумно го амортизираа растот на цените на сировото кафе во светот, користејќи различни стратегии, но долгорочно – доколку продолжат светските трендови на поскапувања, дополнителните корекции на цените на нашиот пазар се неизбежни“, вели Мијушковиќ.

Како што додава, за потрошувачите ширум светот, вклучително и за Србија, тоа веројатно значи дека пазарот на кафе ќе продолжи да биде нестабилен бидејќи домашните увозници не можат да влијаат на глобалните предизвици и тешкотии.

Слично

Поврзани вести