Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАФАНСКИТЕ УСЛУГИ ПОВТОРНО ПОСКАПЕА - статистичарите утврдија раст на цените од 6 отсто

КАФАНСКИТЕ УСЛУГИ ПОВТОРНО ПОСКАПЕА - статистичарите утврдија раст на цените од 6 отсто

Угостителските услуги од месец во месец стануваат се повисоки. И најновите бројки откриваат раст на цените во кафаните и рестораните. 

Па така според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во февруари 2025 година, во споредба со јануари 2025 година, е зголемен за 0.4 проценти.

- Индексот на цените на угостителските услуги во февруари 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 6 отсто.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – февруари 2025 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 5,9 проценти, додека во однос на декември 2024 година, е зголемен за 0,4 отсто - се наведува во соопштението на ДЗС. 

Податоците откриваат дека на годишно ниво најголем поскапување има кај ноќевањата, но и останатите угостителски понуди поскапеле, почнувајќи од храната, па се до пијалоците, алкохоли и безалкохолни. 

Фото: Принтскрин/Х

Слично

Поврзани вести