Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАДИ ОДИ ЗДРАВСТВОТО: Нeма прегледи и не се оперирaат пациенти, што спремаат лекарите на дигестивна?

КАДИ ОДИ ЗДРАВСТВОТО: Нeма прегледи и не се оперирaат пациенти, што спремаат лекарите на дигестивна?

Пациентите препуштени на милост и немилост, на Клиниката за абедоменална хирургија нема да има операции,освен итните случаи до крајот на неделава а во наредните два дена и прегледите се откажани.

Што се случува со македонското здравство?

На утринскиот лекарски колегиум лекарите донеле одлука преку која ќе го изразат револтот а чиј исход ќе го соопштат во текот на денешниот ден преку соопштение до медиумите.

Директорот на Клиниката за дигеестија Караѓозов истакнал дека во 13 ч ќе објават соопштение во медиумите преку кое ќе изразат јавен револт.

Засега не е познато на кој начин ќе биде искажан револтот, дали лекарите ќе излезат на штрајк или пак ќе имаат поконкретни барања и кога ќе продолжат со операциите на клиниката.

Од опозициската СДСМ денеска го повикаа премиерот да го смени министерот за здравство Никола Тодоров.

 „Никола Груевски и Никола Тородов ги спасуваат тендерите и сомнителните зделки во здравството наместо пациентите и лекарите. По сите смртни и сомнителни случаи за време на министерувањето на Тодоров, поради се што им направи на лекарите и пациентите, граѓаните велат доста е“, велат од СДСМ.

Тие истакнаа дека премиерот денеска има можност на собраниската седница да го смени Тодоров.

Слично

Поврзани вести