Каде згреши регулаторната комисија во пресметката на цената на струјата
„Цената на струјата за домаќинствата сега изнесува 4.5889 денари за kWh. На ЕВН и е одобрен регулиран максимален приход за 2013 година од 24,174,941,561 денари, за испорачани 5,268,120,262 kWh електрична енергија. Тоа е конечната одлука на второстепената комисија.
Второстепаната комсија ја поништи претходната одлука на Регулаторната комисија за енерегтика според која цената на струјата изнесуваше 4,5190 денари за kWh, а ЕВН имаше одобрен регулирани максимален приход за 2013 година од 23.806.875.891 денари за испорачани 5.268.120.262 kWh електрична енергија.
Одговорните во ЕВН во жалбата што ја упатиле до Комисијата за решавање по жалби од областа на енерегтиката, навеле дека Регулаторната комисија за енргетика при носењето на првичната одлука, направила суштествени повреди на постапката, погрешно и нецелосно била утврдена фактичка состојба, а бил повреден и Законот за енергетика, Правилникот за цени на електрична енергија на тарифни потрошувачи и Законот за ратификација на Договорот за енергетска заедница. Откако членовите на комисијата ги разгледале сите дополнителни документи кои ги побарале од засегнатите страни, било утврдено дека жалбата на ЕВН Македонија е основана, па поради тоа комисијата одлучила таа да донесе нова одлука за цената на струјата, наместо предметот повторно да се враќа на разгледување кај регулаторите.Одлуката за корекција на цената, првично утврдена од регулаторите, второстепената комисија ја донела во јули, и на крајот на месецот е објавена во Службен весник. Но информацијата во јавноста се обелодени откако почнаа да се испорачуваат августовските сметки за струја со нова цена на струјата, нешто повисока од цената на струјата пресметана во сметките за јули.
Какви грешки на Регулаторната комсија за енергетика утврди второстепената комисија за одлучување по жалби од областа не енергетиката? Серија пропусти регистрирала второстепената комисија во одлуката на регулаторите при утврдување на цената на струјата пред два месеци. Регулаторите драстично ја намалиле маржата на ЕВН, што според членовите на второстепената комисија може да влијае на одржувањето на ликвидноста на компанијата и на безбедното и стабилно снабдување со струја. Дополнително, регулаторите не ги земале во предвид целосно податоците за бруто плати и други услуги, како и во делот на амортизација на основните средства за работа. Вредноста на маржата Вредноста на маржата за регулираната дејност снабдување со електрична енергија за 2013 година, Регулаторната комисија за енергетика утврдува да изнесува 3,8%, додека во Одлуката за одобрување на регулиран максимален приход и цена за вршење на регулираната дејност снабдување со електрична енергија на тарифни потрошувачи за 2011 година, истата е утврде- на да изнесува 5%.„Имајќи ја во предвид неопходноста за одржување на ликвидност на компанијата заради сигурно, безбедно и квалитетно снабдување со електрична енергија на тарифните потрошувачи, Комисијата за решавање на жалби од областа на енергетиката смета дека треба да се задржи нивото на потребна ликвидност на регулираното претпријатие, при што процентот на маржата да изнесува 4,5%.
Бруто плати за вработенитеРегулаторната комсија за енергетика, при носењето на својата одлука, која сега е поништена, не ги утврдила целосно оперативните трошоци за вршење на регулирана енергетска дејност снабдување со електрична енергија на тарифни потрошувачи во делот на бруто плати и други услуги .
„Според анализата на Регулаторната комсија за енергетика при пресметката на трошоците за бруто плати не се земени во предвид платите на вработените чии работни часови секундарно се распределуваат и алоцираат на лиценцата снабдување на електрична енергија на тарифни потрошувачи врз основа на евидентираните работни часови“, пишува во образложението на второстепената комисија.
Комисијата за решавање на жалби од областа на енергетиката трошоците за бруто плати за регулираната дејност снабдување на електрична енергија на тарифни потрошувачи ги утврди според следната табела: Трошоци за други услугиПресметката на трошоците за други услуги не е целосно образложена при што не се земени во предвид трошоците за други услуги по години за периодот 2010 – 2012, што кореспондира со реалните трошоци на компанијата. При повторна проверка на трошоците за други услуги во биланс на успех на жалителот за период 2010-2012 година, ги има следните трошоци:
Обврски за даноци, придонеси и давачки
Во делот на пренесените трошоци не се земени во предвид обврските кои што ги имала/се планирани за компанијата согласно законската регулатива за подмирување на даноци, придонеси и други давачки од билансот на успех за 2013 година.
„Овие трошоци треба да бидат признаени имајќи предвид дека истите се регулирани со соодветна законска регулатива односно истите се задолжителни, пишува во образложението на второстепната комисија.
· Планиран придонеси, такси и др.давачки 901,997
· Планиран данок согласно УЈП 2,353,939
· Даноци, придонеси и други давачки 3,255,935во денари
Амортизација на основни средства
„Регулаторната комисија за енергетика не ги земала во предвид податоците за амортизација на основните средства на компанијата за 2013 година, во спротивно како податок користела вредност за 2012 година, што резултира во помалку признаени трошоци за амортизација во износ од 1.585.402 денари, утврдиле членовите на второстепената комисија.
Во образложението тие појаснуваат дека и покрај тоа што кај дејноста снабдување со електрична енергија на тарифни потрошувачи директно не се алоцирани основни средства истите користат основни средства поради што трошоците за амортизација на основните средства треба во целост да бидат земени во предвид.
С.Н