Каде згреши Димитар Хаџи Мишев?
Очигледно дека Димитар Хаџи Мишев заборави дека ќе ги мери силите со многу силни противници кои имаа да изгубат многу повеќе од него. Тоа го покажаа и со потегот дека отидоа на отпис на 90 отсто од нивните побарувања во ТЕ-ТО каменот на сопнување кој всушност е каменот околу врат на екипата што ја води „Топлификација“.
Искусниот инженер и долгогодишен директор на скопска „Топлификација“ премногу верувал на своите правни советници и на македонскиот правосуден систем. Епилогот е катастрофален за него и стотици мали акционери на „Топлификација“, компанијата падна во стечај
Димитар Хаџи Мишев и неговите приврзаници имаат само теоретски шанси да се вратат во нормала во правната судска заврзлама на релација „Топлификација“ , ТЕ-ТО, БЕГ и „Битар Холдинг лимитед“. Зададен им е силен и голем удар кој со боксерски речник најточно е „нок даун“. Ситуација во која судијата подвиткан стои над легнатиот запенет и испотен боксер кој делува дека не знае кај се наоѓа и му брои. Токму оваа позиција е синоним за веста дека судот отворил стечај за „Топлификација“.
