КАДЕ ЗАКОЧИ ПРЖИНО: Ховит, Кукан и Вајгл доаѓаат утре на средби со политичките лидери!
Одвоени средби со лидерите на четирите политички партии и проверка до која точка е исполнет договорот од Пржино ќе имаат во текот на утрешниот ден тројца европратеници.
Ричард Ховит, Едуард Кукан и Иво Вајгл се очекуваат утре во земјата.
Во рамки на посетата тројцата европратеници ќе имаат средба и со специјалната обвинителка Катица Јанева и со претставници од ДИК.
Очекувањата од средбата се забрзување на останатите неисполнети точки од договорот и исполнување на обврските кои ЕУ ги препорача во извештајот.
Во текот на овој месец, поточно кон средината на јануари се очекува да дојде и еврокомесарот Хан. Засега не е познат точниот датум , меѓутоа тој ќе дојде да направи увид во имплементацијата и напредокот на обврските од Пржино.
Неговото доаѓање е потврдено од Европската унија.
