Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАДЕ ЗАГЛАВИЈА: Членовите на ад хок телото не можат да се договорат за петтиот колега

КАДЕ ЗАГЛАВИЈА: Членовите на ад хок телото не можат да се договорат за петтиот колега

И денешната пладневна средба на комисијата за следење на медиумското претставување безуспешна.

Членовите на ад хок телото никако да најдат консензус за нивниот петти колега кој, според договорот треба да биде Албанец.

Рокот на Ад хок телото за избор на последниот член се проби а оптимизмот кај членовите не изостанува.

Горан Трпеновски, кој е член на комисијата истакна дека консутациите ќе продолжат и дека е оптимист дека до 31 август ќе се најде решение.

Тој не сакаше да дава повеќе детали, поради како што вели  чувствителноста на целиот процес.

Изборот е заглавен на Даут Даути и Сефер Тахири. Слаѓана Димишкова и Цветин Чилиманов, предложени од ВМРО-ДПМНЕ, и Горан Трпеноски и Љубомир Костовски, предложени од СДСМ, се четворицата членови. Ад хок телото за медиуми мора целосно да се формира до вторник. Тоа според договорот ќе ги следи и казнува медиумите 100 дена пред изборите.

 На 31 август, лидерите на четирите најголеми политички партии треба да одржат лидерска средба, на која треба да се прецизира  датумот за избори.

Слично

Поврзани вести